Друштвото за проценки, Национална Групација за Проценки (НГП)започна со работа во 2015та година како специјализирана компанија за изготвување на процени од сите области.
Комплексноста на животот и се посложените правни односи, не доведе на идеја да ги обединиме проценителите со долгогодишно искуство и знаење, во што и успеавме. Овластените проценувачи се бирани по основ на критериум на стручност, чесност, професионалност, совесност и пред се непристрасност.
Нашата цел е со нивната стручност да помогнеме во што побрзо и квалитетно изготвување на процените, со тоа што кон секој предмет се пристапува со посебно внимание.
Несомнено е дека една компанија успешно ќе работи кога од една страна имате искусен тим на овластени проценители со долгогодишно искуство, а од друга страна имате млад тим кој континуирано ги следи технолошките новитети и се што носи современиот начин на живеење. Поврзано со ова НГП веќе одреден период работи на софтверско решение кое ќе го подобри и олесни начинот на работа при изработка на проценките како и подобрување на комуникацијата со веќе постоечките како и новите клинети.