Понеделник, 11 Јануари 2016 12:48

Измени и дополнувања на Законот за данок на имот и Проценки во посебна постапка

NGP logo 042015Согласно измените и дополнувањето на Законот за данок на имот (Сл. Весник бр. 154/15) и измената и дополнувањето на Законот за процена (Сл. Весник бр. 153/15) заклучно од 01.01.2016та година при секој склучен договор за купопродажба на недвижен имот во посебна постапка, потребно е да биде изработена процена од овластен проценувач

1. Започнување на постапката

  • Странката која доаѓа кај нотар е потребно да има изработена процена. Доколку странката нема веќе изработена процена, нотарот му дава листа на проценувачи од која листа странката одбира овластен проценувач.
  • Странката склучува договор со овластениот проценувач и се издава фактура за наплата на проценката. Наплатата се врши исклучиво по тарифникот за недвижен имот.
  • Изготвувањето на проценката не може да трае повеќе од 4 (три) работни дена.
    • Овластениот проценувач постапува во предвидениот рок само ако нарачателот (странката) на процената ги извршил сите уплати согласно Законот за процена
    • Во Случаи кога постои процена на сложени и комплексни објекти, проценувачот е должен во условите за ангажирање да го наведе рокот за изготвување на процената.


2. Изготвување на извештајот за процена на недвижен имот

  • Проценувачот го изготвува Извештајот за процена, согласно измените и упатства, а кон извештјот приложува
    • Елементи на утврдување на фактичка состојба
    • Табели за пресметка на пазарна вредност
    • Фотодокументација – доколку странката дозволува фотографирање
    • Оргинален примерок од Имотен Лст не постар од 6 месеци
    • Копија од лиценца за процена на недвиен имот издадена од Министерство за Транспорт и Врски
    • Уверение за положен стручен испит за прценувач

3. Пресметка на данокот на промет на недвижности

  • Проценувачот врши пресмека на данкот на промет на недвижности, како проценетата вредност
  • Аконтативната даночна пријава се пополнува по електроснки пат преку Е-Катастар, со што после електронското пополнување потребно е да се отпечат и да задолѓително да бде потпишана од страна на даночнио обврзник
  • Проценувачот задолжиелно ги ополнува податоците во регистарот за цени, како и ја прикачува процената на е-катастар со сите прилози

4. Завршна фаза

  • Предавање на изготвената процена на странката
    • Извештајот за процена заедно со прилозите во три примроци и се предава на странката (за нотарт, за општината и за странката), а странката задолжително е потрено да стави потпис и дата на прием на поцената
    • Аконтативната даночна пријава
Прочитано 1486 пати

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Национална Групација за Проценки (НГП), е професионална компанија специјализирана за изготвување на процени од сите области. Нашата цел е со нашата стручност да помогнеме во што побрзо изготвување на процените, со тоа што кон секој предмет се пристапува со посебно внимание