Вторник, 01 Септември 2015 06:31

Процена на Транспортни Средства

transportni-sredstva

Сакате да дознаете повеќе за Транспортни средства како и методологијата по која се извршува процена на Транспортни Средства? Националната Групација за Проценки е овде за да Ви го овозможи тоа

Под процена на транспортни средства се подразбира процена на пазарната вредност на транспортните средства. Пазарната вредност на истите може да се  постигне во слободниот промет во моментот на настанување на потребната обврска и се утврдува за следните видови на транспортни средства:

  • Патни возила
  • Шински возила
  • Пловни/пливачки објекти и
  • Воздухопловни средства

Истите вклучуваат материјални средства кои имаат сообраќајна книшка за превоз во јавен сообраќај, пловидбена дозвола или  бродско свидетелство за превоз во внатрешната пловидба и уверение за пловидбени, воздухопловни и воздушен сообраќај.

 Транспортните средства имаат различни карактеристики од останатите материјални средства и истите можат да бидат дислоцирани од една на друга локација без да претрпат штета или да се скрати нивниот животен век.

Процената на вредноста на транспортните средства се врши во случај на:

  • пренос на право на сопственост
  • оданочување со даноци на имот, наследство и подарок
  • при финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит
  • пребивање на побарувања
  • стечајна постапка и ликвидација
  • осигурување на штети и
  • во други случаи предвидени со закон.

Согласно законот за процена Национална Групација за Проценки ја следи законско пропишаната методологија за извршување на процена од транспортни средства

Прочитано 1037 пати

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Национална Групација за Проценки (НГП), е професионална компанија специјализирана за изготвување на процени од сите области. Нашата цел е со нашата стручност да помогнеме во што побрзо изготвување на процените, со тоа што кон секој предмет се пристапува со посебно внимание