masini-i-opremaСакате да дознаете повеќе за Процена на машини и опрема и методологијата по која се извршува процена на машини и опрема? Националната Групација за Проценки е овде за да Ви го овозможи тоа.

Машините, опремата и постројките вообичаено можат да бидат прелоцирани и преселени од една на друга локација, без да се направи значителна штета на земјиштето или градежните објекти. Сопственоста на машините, постројките и опремата може да биде раздвоена од сопственоста на земјиштето и градежните работи.

Вредноста на Машините, опремата и постројките може да се разликува зависно од тоа дали тие се процениваат во комбинација со други средства во рамки на оперативната единица или пак ти ќе се проценуваат како посебна ставка поради нивна размена.

Процената на вредноста на машините и опремата се врши како основ за:

  • Пренос на правото на сопственост,
  • Определување на вредност на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста на структурата на капиталот и при статусни измени
  • Стечајна постапка и ликвидација
  • Финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит
  • Пребивање и побарување
  • Постапка за експропријација
  • Инвеститорски консалтинг и
  • Во други случаи предвидени со закон

Согласно законот за процена Национална Групација за Проценки ја следи законско пропишаната методологија за извршување на процена од машини и опрема

transportni-sredstva

Сакате да дознаете повеќе за Транспортни средства како и методологијата по која се извршува процена на Транспортни Средства? Националната Групација за Проценки е овде за да Ви го овозможи тоа

Под процена на транспортни средства се подразбира процена на пазарната вредност на транспортните средства. Пазарната вредност на истите може да се  постигне во слободниот промет во моментот на настанување на потребната обврска и се утврдува за следните видови на транспортни средства:

  • Патни возила
  • Шински возила
  • Пловни/пливачки објекти и
  • Воздухопловни средства

Истите вклучуваат материјални средства кои имаат сообраќајна книшка за превоз во јавен сообраќај, пловидбена дозвола или  бродско свидетелство за превоз во внатрешната пловидба и уверение за пловидбени, воздухопловни и воздушен сообраќај.

 Транспортните средства имаат различни карактеристики од останатите материјални средства и истите можат да бидат дислоцирани од една на друга локација без да претрпат штета или да се скрати нивниот животен век.

Процената на вредноста на транспортните средства се врши во случај на:

  • пренос на право на сопственост
  • оданочување со даноци на имот, наследство и подарок
  • при финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит
  • пребивање на побарувања
  • стечајна постапка и ликвидација
  • осигурување на штети и
  • во други случаи предвидени со закон.

Согласно законот за процена Национална Групација за Проценки ја следи законско пропишаната методологија за извршување на процена од транспортни средства

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Национална Групација за Проценки (НГП), е професионална компанија специјализирана за изготвување на процени од сите области. Нашата цел е со нашата стручност да помогнеме во што побрзо изготвување на процените, со тоа што кон секој предмет се пристапува со посебно внимание